Миле Свилар 18 годишниот голман на Бенфика не го одигра до крај натпреварот од Лига купот против Виторија Сетубал (2:2).
Во 30 минута од натпреварот, Виторија имаше корнер на десната страна, топката беше уфрлена пред голот. Пациеца од само неколку метри со глава ја упати топката кон голот, а Свилар со одлична одбрана го спаси својот гол, но и се удри во стативата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ова го искористи голманот на Виторија кој со глава ја смести топката во празната мрежа, додека Свилар лежеше на теренот. Веднаш потоа му беше укажана помош и продолжи да брани, но не можеше да издржи, па седум минути подоцна беше заменет.
#VFCSLB | 1-0 | ? 36' Substituição: Varela entra para o lugar de Svilar. pic.twitter.com/ntrXvfnjHI
— SL Benfica (@SLBenfica) December 29, 2017
Свилар во натпреварот против Манчестер Јунајтед сруши неколку рекорди во Лигата на шампионите.
Прво стана најмладиот голман во историјата на Лигата на шампионите со што го сруши 18 години стариот рекорд на Икер Касиљас.
Две недели подоцна на „Олд Трафорд“ му одбрани пенал на Ентони Марсијал и така на 18 години и 65 дена стана најмладиот голман во историјата на Лигата на шампионите кој одбранил пенал во ова натпреварување.
?⚽️ Mile #Svilar devient le plus jeune gardien à stopper un penalty en @ChampionsLeague (18 ans et 65 jours)❗#UCL #MUFCSLB pic.twitter.com/zps00il4jp
— Main Opposée (@_MainOpposee) October 31, 2017