Дома Фудбал Италија Видео: Рома го доби големото градско дерби!

Видео: Рома го доби големото градско дерби!

Тимот на Рома славеше победа над градскиот ривал Лацио во натпревар од 7-то коло во италијанската Серија А.

Во првото полувреме гледавме возбудлив натпревар со многу шанси на двете страни, а првиот гол падна во последните минути од полувремето. Пелегрини кој во игра влезе во 36-та минута после повредата на Пасторе, ја донесе „волчицата“ во водство.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во второто полувреме најпрво Имобиле успеа да му украде една топка на дефанзивците и израмни на 1:1, но само неколку минути подоцна Коларов од слободен удар донесе водство. Конечните 3:1 ги постави Фацио во 86-та минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Жестока кавга во соблекувалната на Марсеј, Де Зерби веднаш ги отфрли двајцата, но се јави мајката на еден од нив

Во соблекувалната на Марсеј се случи „пожар“, а наводно, по поразот од Рен, се судрија Адр…