Дома Останати Кошарка Видео: Рекорд на кариерата за Теодосиќ, 40 поени за Вилијамс, Џејмс до трипл-дабл

Видео: Рекорд на кариерата за Теодосиќ, 40 поени за Вилијамс, Џејмс до трипл-дабл

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни десет натпревари.

Тимот на Милош Теодосиќ, Лос Анџелес Клиперси славеа над Мемфис со 109:100, а Теодосиќ го постигна рекордот на кариерата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Србинот постигна 18 поени, запиша четири асистенции и еден скок за 27 минути поминати на паркетот. Најзаслужен за победата на гостите од „Градот на анѓелите“ беше неверојатниот Лу Влијамс со 40 поени, десет асистенции и четири украдени топки.

Се истакна и Блејк Грифин со  14 поени, осум украдени топки и пет асистенции, како и Деандре Џордан со еден поен и скок повеќе. Кај домаќините најефикасен беше Џарел Мартин со 17 поени и шест скокови, додека одличен беше и Марк Гасол со 13 поени, 12 скокови и десет асистенции.

Kливленд ја совлада Индијана со резултат 115:108. Џејмс во овој натпревар оствари трипл-дабл, осми оваа сезона. „Кралот“ имаше учинок од 26 поени, 11 асистенции и 10 скокови. Покрај него одличен беше Џеј Ар Смит со 23 поени, додека до дабл-дабл стигнаа уште Кевин Лав (10 поени, 13 скокови) и Тристан Томпсон (10 поени, 10 скокови).

Во редовите на Инидијана најефикасен повторно беше Виктор Оладипо кој забележа 25 поени, седум асистенции шест скокови, 19 поени додаде Колисон, а Хрватот Бојан Богдановиќ натпреварот го заврши со 10 поени.

НБА резулати:

Шарлот – Атланта 121:110

Кливленд – Индијана 115:108

Торонто – Јута 93:97

Чикаго – Лос Анџелес Лејкерси 103:108

Мемфис – Лос Аџелес Клиперси 100:109

Милвоки – Бруклин 116:91

Њу Орлеанс – Хјустон 115:113

Далас Маверкис – Портланд 93:107

Сан Антонио – Филаделфија 78:97

Феникс – Њу Јорк Никси 85:107

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Неверојатниот Дончиќ продолжува да доминира, сè поблиску до наградата за МВП

Во кошаркарската ноќ на НБА, која понуди 12 натпревари, својата кандидатура за престижната…