Дома Фудбал Лига на шампиони Видео: Реал ја промени историјата – ја одбрани титулата во ЛШ!

Видео: Реал ја промени историјата – ја одбрани титулата во ЛШ!

Фудбалерите на Реал Мадирд испишаа нова страница во историјата на Лигата на шампионите станувајќи првиот тим кој ја одбранил титулата откако елитното натпреварување се игра во ваков формат.

Финалниот меч во Кардиф беше историско и по фактот дека е првото кое се играше со затворен покрив. Кристиано Роналдо стана првиот играч кој бил стрелец во три различни финалиња, а исто така го постигна 600-от гол во кариерата, во сите натпреварувања.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Јувентус беше тимот кој подобро влезе во натпреварот, поагресивно и офанзивно, поради што Кејлор Навас мораше да интервенира уште во третата минута, а неколку минути подоцна одлично интервенираше на шутот од Пјаниќ.

Потоа од еден контранапад во 20-та минута Буфон, кој до тој момент немаш контакт со топката беше принуден на капитулација, а егзекутер беше Кристиано Роналдо.

По примениот гол, Јувентус повторно тргна во офанзива, а седум минути подцна Манџукиќ израмни со спектакуларен гол.

Вториот дел започна со офанзива на Реал, а Јувентус делуваше загубено на теренот. Реал високо притисна на половината на противникот, а тоа вроди со плод во 61-та минута кога Каземиро упати силен удар, топката на патот кон голот удри во Кедира и заврши во мрежата.

Јувентус не се опорави од шокот по примениот гол, а го стигна нов, три минути подоцна. Крвахал и Модриќ комбинираа по десната страна, Хрватот нафрли, на на првата статива Кристиано Роналдо беше побрз од Киелини за 3:1. Конечниот резултат го постави Асенсио во 90-та минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Италијанец фаворит за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Искусниот италијански стратег Масимилиано Алегри наскоро би можел да седне на кормилото на…