Дома Фудбал Останато ВИДЕО: Реакцијата на Модриќ кога му кажаа дека ќе ја освои „Златната топка“

ВИДЕО: Реакцијата на Модриќ кога му кажаа дека ќе ја освои „Златната топка“

Во понеделник ќе дознаеме кој ќе ја освои „Златната топка“, наградата за најдобар фудбалер во светот за 2018 година.

Шпанското радио „Онда Серо“ објави дека стигнале до поредокот на првите тројца и дека Лука Модриќ ќе ги победи Кристиано Роналдо и Антоан Гризман.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Ако тоа е вистина, капитенот на Хрватска ќе ги собере сите поважни индивидуални награди оваа година – УЕФА наградата за најдобар во Европа, ФИФА за најдобар во светот и престижната „Златна топка“ од „Франс Фудбал“.

После натпреварот помеѓу Рома и Реал (0:2) италијанскиот новинар Танкреди Палмери пред автобусот на Реал му кажа на Модриќ дека наводно ја освоил „Златната топка“. Играчот за врска на Реал тоа го испрати со насмевка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид гледа португалскиот ас од 80 милиони евра како замена за Модриќ 

Според неодамнешен извештај од „Фичахес“, Реал Мадрид имаат насочено внимание кон ПСЖ за В…