Пари Сен Жермен по поразот од Реал Мадрид во Лигата на шампионите денес им се врати на победите во домашното првенство.
Денес во рамките од 26 коло ПСЖ успеа да стигне до победа против Стразбур со 5:2. Натпреварот за „светците“ не почна баш најдобро, Ахолу ги доведе гостите во водство во шестата минуда. Само четири минути подоцна Дракслер изедначи, а Нејмар во 21 погоди за водство, за само една минута подоцна Ди Марија да стрела за веќе солидни 3:1.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По ефикасниот старт следуваше мирен период на игра. Бахокен во 67 минута постигна гол за надеж на гостите, но Едисон Кавани шест минути подоцна ја врати предноста на домаќинот од два погодоци.
За „петарда“ во мрежата на Стразбур се погрижи Кавани со вториот гол на на натпревар на десетина минути пред крајот на средбата.
Со оваа победа ПСЖ ја врќа предноста од 13 бодови разлика во однос на најблискиот конкурент Монако.