Дома Македонски спорт Видео: По еден пенал на двете страни, Македонија со помош на ВАР до ново реми на подготовките

Видео: По еден пенал на двете страни, Македонија со помош на ВАР до ново реми на подготовките

mkd

Репрезентацијата на Македонија денес во Анталија по натпреварот со Финска ја одигра втората пријтелската средба, овој пат противник беше селекцијата на Азаербејџан.

Вториот натпревар во Анталија имаше навистина бурен старт. Селекцијата на Азербејџан беше таа која што прва стигна до водство. По една сомнителната ситуација во шеснаесетникот нашиот противник доби пенал, а успешен реализатор на најстрогата казна беше Ричард.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во првите 45 минути видовме уште еден пенал, за наша среќа овој пат одлуката беше во наша корист. Не беше тоа одлука на главниот судија на натпреварот кој не се огласи по соборувањето на Пандев во шеснаесетникот, туку одлука на ВАР.

Треба да се спомене дека човекот кој управуваше со ВАР на овој натпревар е познатиот турски судија Чакир.

Одговорноста да шутира од 11 метри ја доби фудбалерот на Палермо, Александар Трајковски кој беше и прецизен.

До крајот немаше погодоци ниту на едната, ниту на другата страна, па натпреварот заврши без победник 1:1.

Ова за Македонија беше веќе седми натпревар без пораз. Имаме учинок од три победи и четири нерешени натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…