Манчестер Јунајтед и Ливерпул одиграа возбудлив меч на „Олд Трафорд“ на кој не видовме голови. Арсенал оствари лесна победа против Саутемптон и се искачи на четвртото место на табелата.
Дербито не ги оправда во целост очекувањата на љубителите на фудбалот, а и самите актери не се здоволни од фактот што ги поделија бодовите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Видовме многу чудно прво полувреме каде тренерите мораа да направат дури четири принудни измени. Солскјер мораше три пати да менува – најпрво се повреди Ерера, па Мата и на крајот Лингард, додека Клоп беше принуден да го замени Фирмињо поради повреда.
Најзрелата шанса ја имаше токму Лингард кој излезе сам пред голманот Алисон, но не успеа да го совлада.
Во продолжение на мечот видовме нешто подобар фудбал и повеќе шанси, но чисти прилики и голови изостануваа. Во 75-та минута Матип си постигна автогол, но голот беше поништен оправдано пораи офсајд.
Во другиот меч кој се играше во исто време Арсенал без поголеми проблеми го совлада Саутемптон со 2:0. Победникот беше решен уште во првото полувреме со головите на Лаказет и Михтарјан. Со оваа победа „топџиите“ го поминаа Јунајтед на табелата и сега се на 4-то место.
Ливерпул после ова реми останува лидер на табелата, но „црвените“ сега имаат само еден бод предност пред Манчестер Сити.
Arsenal's first goal #ARSSOU pic.twitter.com/jSG8YzD9y3
— Last Astronomer?? (@lastastronomer) February 24, 2019