Екипата на ПСВ во саботниот натпревар во рамките на 13. коло од холандската прва лига рутински со 3:0 го победи Херневен, а голови постигнаа Лозано во 11. и 66. минута и Лук де Јонг во 52. минута од натпреварот.
Норвешкиот фудбалер, Мортен Торсби во 37. минута по жестокиот старт заработи црвен картон и така му направи дополнителен простор на ПСВ со што ја олесни работата на овој натпревар.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Тимот од Ајндховен победи без некои поголеми проблеми, а посебно атрактивен беше голот на нивниот напаѓач, Лук Де Јонг кој по една добра акција на својата екипа го искористи центаршутот на Лозано и маестрално со ножички ја испрати топката во голот на гостите.
ПСВ со овој триумф дополнително ја зацврсти лидерската позиција во холандската лига со 39 освоени бода, а во 13 одиграни кола имаат максимален учинок што секако е за секој респект.
Zack! So einfach geht’s! Luuk De Jong traf am Wochenende beim 3:0 gegen den SC Heerenveen artistisch zum 2:0 für die PSV Eindhoven. Mark van Bommel kann’s kaum glauben!#footballaroundtheworld #PSVHEE #dejong pic.twitter.com/eSMxvasoVe
— sportdigital (@sportdigital) November 26, 2018