Дома Фудбал Италија Видео: Наполи киксна, Јувентус го допре Скудетото

Видео: Наполи киксна, Јувентус го допре Скудетото

Наполи на домашен терен одигра само 2:2 со Торино и практично го направи Јувентус старо-нов шампион. Траката за Лига на шампиони драматична до самиот крај.

Наполи два пати водеше, но Торино два пати ја анулираше предноста и практично му овозможи на Јувнетус уште сега да се радува на Скудетото. Разликата од 6 бода е практично недостижна бидејќи „бјанконерите“ треба да ги загубат последните два меча, а Наполи да победи со огромна разлика на двата натпревари.(Јувентус има подобра гол разлика од 16 гола во моментов).


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Лацио одигра 1:1 против Аталанта на домашен терен и дополнително ја „разгоре“ трката за Лига на шампиони. Сега разликата со Интер е само на два бода, а двата тима играат меч на „Олимпико“ во последното коло.

СПАЛ и Киево се блиску до изборување на опстанок, двата тима денес славеа со 2:0 и тоа против Беневенто и Кротоне.

Фиорентина победи на гостувањето кај Џенова со 3:2, во меч во кој нашиот репрезентативец Горан Пандев заработи црвен картон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за „старата дама“

Денес продолжуваат натпреварите во Лигата на шампиони, а ние за вас ќе го анализираме дуел…