Дома Фудбал Италија ВИДЕО: Момчето кое пишува историја во Серија А – Криштов Пиатек!

ВИДЕО: Момчето кое пишува историја во Серија А – Криштов Пиатек!

Tимот на Горан Пандев денес стигна до победа во италијанското првенство во натпреварот против Фросиноне (1:2), а повторно на сцена стапи момчето кое пишува историја на стартот од сезоната, Криштоф Пиатек.

Младиот голгетер во првото полувреме постигна два погодоци и така стана првиот фудбалер после пауза од 69 години кој во Италија на стартот од сезоната постигнал осум погодоци во првите шест кола.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Претходно вакво нешто му успеало само на Карл Аге Хансен од Аталанта во сезоната 1945/50 година. Пандев на теренот во овој натпревар помина 68 минути.

Во останатите натпревари Фиорентина ја победи Аталанта со 2:0, додека Торино славеше на гостувањето во Киево со минимален резултат 0:1.

Претходно во теминот од 12:30 часот Болоња го победи Удинезе со 2:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанија поради Израел се заканува со бојкот на Светското првенство!

Официјалните лица на шпанската влада навестуваат дека би можеле да ја повлечат својата реп…