Дома Фудбал Италија Видео: Милан поразен во Неапол – Мајсторски гол на Инсиње, волеј за утеха на Ромањоли, стрелаше и Зиелински

Видео: Милан поразен во Неапол – Мајсторски гол на Инсиње, волеј за утеха на Ромањоли, стрелаше и Зиелински

Денес со почеток во 20:45 часот беше одиграно второто дерби во Серија А, помеѓу Наполи и Милан.

Наполи поради домашниот терен, но и формата во која се наоѓаат „росонерите“  беше благ фаворит пред почетокот на натпреварот, а на крајот таа улога успеа и да ја оправда.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Се играше 33 минута кога Жоргињо испрати одлична топка до Лоренцо Инсиње кој игра во одлична форма. Инсиње знаеше како да го искористи ова додавање од својот соиграч и на мајсторски начин го матираше Донарума за отварање на резултатот. Но, сепак останува отворено прашање дали беше во регуларна позиција.

Наполи продолжи со добрата игра и во вториот дел. Клучниот момент на средбата Маурицио Сари веројатно го направи во 69 минтуа кога на местото на Марек Хамшик во игра го уфрли Пјотр Зиелински кој само четири минути погоди за предност од 2:0. Конечните 2:1 во финишот од средбата ги постави Андреа Ромањоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Слаб интерес за Светското клупско првенство

Групната фаза на Светското клупско првенство на ФИФА ја обележа малата посетеност на стади…