Во натпреврот од француската Лига 1 помеѓу ПСЖ и Тулуз вечерва гледачите можеа да уживаат во вистинска голеада.
Домаќините ја оправдаа фаворитската улога, но веројатно никој не очекуваше натпревар со осум погодоци. Серијата голови ја отворија гостите, Тулуз прв дојде до предност и тоа во 18 минута од средбата преку Гардел. Изедначувачкиот погодок беше дело на Нејмар, а само четири минути подоцна Рабиот погоди за 2:1, резултат со кој се замина на полувремето.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Марко Верати во 69 минута од средбата заработи црвен картон, а она што следуваше веројатно никој не можеше да го предвиди.
Кавани само пет минути подоцна го зголеми водството, додека Јулиен ја врати надежта кај Тулуз, сепак тоа беше се од нив во овој натпревар. Пасторе зголемува на 4:2, потоа следуваше гол на Куразава по корнерот на Нејмар кој во судиското продолжение стави точка на овој фантастичен натпревар.