Дома Останати Кошарка Видео: Леброн немаше свој ден, дербито за Вориорси, Вестбрук одличен, Оклахома ја продолжува серијата

Видео: Леброн немаше свој ден, дербито за Вориорси, Вестбрук одличен, Оклахома ја продолжува серијата

Актуелниот шампион на НБА Голден Стејт Вориорси славеше против Кливленд со резултат 99:92 во реприза на божиќното финале, овој натпревар се игра нешто порано и со почеток од 21:00 часот.

Натпреварот беше изедначен, Кливленд имаше водство во текот на поголемиот дел од полувремето, а тимот од Оукленд во вториот дел од играта, а на крајот во неизвесна завршница успеаа да слават. Во ниту еден момент, ниту еден тим не успеа да достигне предност од повеќе од 10 поени.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Тројката која веројтно го одлучи натпреварот го постигна фантастичниот Клеј Томпсон.

Најзаслужен за победата на Вориорси беше Кевин Дурант кој постигна 25 поени и запиша седум скокови, Клеј Томпсон со 24 поени и исто така 7 скокови беше одличен. Блескав настап имаше и Драјмонд Грин кој забележа трипл-дабл со 12 поени, 12 скокови и 11 асистенции.

Во тимот од Охајо најдобар беше Кевин Лав со 31 поен и 18 скокови, Леброн Џејмс постигна 20 поени запиша шест скокови и исто толку асистенции, но имаше и седум изгубени топки.

Оклахома го совлада Хјустон со 112:107. Ова за Оклахома беше пета победа во низа. Најдобар во тимот на Тандерси беше Расел Вестбрук со 31 поени, шест скокови и 11 асистенции.

Одличен беше и Пол Џорџ кој уфрли 24 поени. Кармело Ентони доаде 20, Стивен Адамс оствари дабл-дабл од 15 поени и 10 скокови. За поразениот Хјустон, Џејмс Харден имаше импресивна статистика од 29 поени и 14 скокови.

Во последниот натпревар помеѓу Лос Анџелес Лејкерси и Минесота славеа гостите со 104:121.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дончиќ постигна 92 поени во првите два натпревари и се повреди. Еве колку долго ќе отсуствува

ЅВЕЗДАТА на Лос Анџелес Лејкерс, словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ (26) ќе биде отсутен на…