Каталонскиот клуб минатиот викенд на домашен терен одигра само 1:1 против Атлетик Билбао. Гостите имаа предност од 0:1, но Барселона во финишот од натпреварот успеа да дојде до изедначување.
За Барса тоа беше трет натпревар без победа, а повторно еден од најлошите на теренот беше Жерар Пике.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Сепак, се појави снимка од натпреварот на која јасно се гледа дека Пике игра со болки во рамото.
Пике се жалеше на болки во рамото, а во еден момент и истрча до клупата на Барселона и испи некаква таблета.