ЛА Галакси повторно се најде во центарот на вниманието откако пред неколку недели овој клуб се засили со Златан Ибрахимовиќ.
Галакси на фудбалската мапа пред десетина година се појави со Дејвид Бекам, а по неговите стапки сега тргна Златан Ибрахимовиќ. После пристигнувањето на Ибрахимовиќ во Галакси камерите и новинарите се секојдневно присутни во овој клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Галакси денес имаа посебна посета која сигурно најмногу го воодушеви Златан Ибрахимовиќ. Швеѓанецот повторно имаше прилика да се сретне со својот идол од детството „стариот“ Роналдо. На видеото може да се забележи и воодушевувањето на Ибра.
Во текот на разговорот со тренерот Роналдо се пошегува и порача дека доколку би го оставиле малку да тренира би бил спремен за плеј-офот…
Во продолжение можете да го погледнете постарото видео кога доволно говори за тоа што претставува Роналдо за Ибрахимовиќ. Сигурно и единствениот човек во фудбалот на кого му се воодушевува.