Дома Фудбал Репрезентации Видео: Жиру и донесе победа на Франција

Видео: Жиру и донесе победа на Франција

Репрезентациите на Франција и Холандија одиграа фантастичен натпревар во Лигата на нации, а на крајот трите бода ги освоија „триколорите“.

Херој за Французите овој пат беше Оливие Жиру кој го прекина голгетерскиот пост токму кога беше најпотребно.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Светскиот шампион одлично го отвори натпреварот и поведе со голот на Килијан Мбапе, но „лалињата“ се вратија во 67-та минута кога една одлична акција со гол ја заврши Рајан Бабел.

Меѓутоа, осум минути подоцна Оливие Жиру погоди за конечни 2:1 и првите три бода за Франција во Лигата на нации.

Во нашата група Лихтенштајн беше подобар од Гибралтар со 2:0, додека во Групата Ц Словенија го запиша вториот пораз, овој пат на гостувањето кај Кипар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Анчелоти ги изгуби нервите, па „настрада“ камерманот (Видео)

Фудбалската репрезентација на Хрватска загуби со 1-3 од Бразил во пријателски натпревар ко…