Дома Фудбал ВИДЕО Евроголот на Далот за триумф на Манчестер Јунајтед

ВИДЕО Евроголот на Далот за триумф на Манчестер Јунајтед

Манчестер јунајтед славеше на гостувањето против Шефилд јунајтед со 2:1, во натпреварот од деветтото коло на Премиер лигата.

Јунајтед повторно се мачеше, но благодарение на евроголот на Далот во финишот ги освои сите три бода на Шефилд.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Гостите поведоа во 28 минута, кога Мектомини погоди по додавањето на Фернандеш. Сепак, истиот играч шест минути подоцна направи кардинална грешка, кога играше со рака во својот шеснаесетник. Сигурен од пенал беше МекБурни за израмнување.

Фернандеш потоа ја погоди пречката во 44 минута, добра шанса пропушти и Амрабат на стартот од вториот дел и кога се чинеше дека Јунајтед повторно ќе разочара, на сцена стапи Далот.

Се играше 77 минута, по одличното додавање на Линделоф, тој упати удар од 20 метри, топката се одби од пречката и во голот на Шефилд, за победа на Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ се осми на табелата со 15 бодови, а Шефилд јунајтед е на последната, 20 позиција со еден бод.

Голот на Далот погледнете го ТУКА

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Полицијата во Куманово уапсила навивач на Пелистер

Од СВР Куманово денеска соопштија дека еден навивач на Пелистер од Битола бил приведен пор…