Дома Фудбал Англија Видео: Деле Али со два и Ериксен со еден – еврогол, го срушија Челзи во лондонското дерби!

Видео: Деле Али со два и Ериксен со еден – еврогол, го срушија Челзи во лондонското дерби!

Денес во рамките од 32 коло во англиската Премиер лига во терминот од 17:00 часот беше одиграни лондонското дерби помеѓу Челзи и Тотенхем.

Челзи и Тотенхем ни приредија навистина одлична фудбалска претстава која беше зачинета со маестралниот гол на Кристијан Ериксен во финишот од првиот дел, на крајот резултатот гласеше 1:3.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Алваро Мората го прекина постот во Премиер лигата и по лошата проценка на голманот на гостите успеа да ја смести топката во мрежата на „петлите“. Во финишот од полувреме Мозес погреши во одбраната на Челзи, а на крајот топката стигна до Данецот Ериксен кој со фантастичен удар го совлада немоќниот Вили Кабаљеро.

Во вториот дел Тотенхем беше тимот кој подобро започна, а добрата игра им се исплатеше во 62 минута кога Деле Али погоди за целосен пресврт. Само четири минути подоцна истиот играч стигна и до нов погодок за 1:3, резултат кој на крајот се покажа како конечен.

Со  оваа победа Тотенхем направи огромен чекор кон пласманот во Лигата на шампионите и сега има осум бодови предност во однос на денешниот противник.




Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Се пojави снимка на фантастичниот гол на Валверде од друг агол. Погледнете го.

Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Атлетик Билбао со минимални 1:0 во натпреварот од 3…