Машинеријата на Пеп Гвардиола во 20 коло од Премиер лигата стигна до неверојатната 19 победа во сезоната.
Манчестер Сити денес на гостински терен успеа да слави против Њукасл со победа од 0:1. Иако резултатот е минимален, „граѓаните“ сосема заслужено стигнаа до трите бода во овој натпревар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Стрелец на единствениот и одлучувачки погодок беше Рахим Стерлинг во 31 минута од првото полувреме кога успеа да го искористи одличното проигрување од фантастичниот Кевин Де Брујн.
Во продолжение, избраниците на Пеп Гвардиола целосно доминираа создаваа одлични прилики, но не ја зголемија предноста.
Со оваа победа „граѓаните“ стигнуваат до огромни 15 бодови предност и веќе е јасно кој ќе биде новиот шампион на Англија.