Дома Топ вести Видео: Голем ГЕСТ на Каталонците – Меси и Барселона го остварија сонот на 18 годишно девојче од Сирија!

Видео: Голем ГЕСТ на Каталонците – Меси и Барселона го остварија сонот на 18 годишно девојче од Сирија!

Барселона и аргентинската ѕвезда Лионел Меси помогнаа за сонот на 18 годишна девојка од Сирија да стане реалност.

На Твитер профилот нa каталонскиот клуб објавено беше видео на кое Нујен Мустафа која е страствен навивач на Барселона и голем фан на Лионел Меси се запознава со екипата на Барса.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Нујен која е родена во Халеп и која поради церебрална парализа е во инвалидска количка, поради војната во нејзината држава емигрирала во Келн во Германија.

Својата животна приказна таа ја расакажа на британската новинарка, Кристина Ламб која за тоа напиша и книга, а потоа ова младо девојче доби огромно внимание од светската јавноста.

Оваа приказна стигна и до Барселона и играчите на овој клуб кои се погрижија девојчето од Сирија да го направат среќно.

Имено, клупскиот автобус на Барселона застана пред куќата во која живее во Келн ја земаа со себе и ја одведоа во Шпанија. Нијен потоа го гледаше натпреварот помеѓу Барселона и Селта Виго каде што за поклон доби дрес со нејзиното име.

По завршувањето на натпреварот ја дочекаа фудбалерите помеѓу кои беа Лионел Меси, Андрес Иниеста, Луис Суарез и Жерар Пике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден чекор ги дели: Лидс и Барнли блиску до промоција во Премиерлигата

Лидерите во Чемпионшипот се израмнети на врвот со 91 бод, тимот од Јоркшир го пречекува Ст…