Дома Останати Кошарка Видео: Голден Стејт го прегази Кливленд!

Видео: Голден Стејт го прегази Кливленд!

Кошаркарите на Голден Стејт поведоа со 1-0 против Кливленд во финалната серија во НБА лигата, откако синоќа победија со 113-91 во својата „Оракл арена“.

Голден Стејт со тимска игра го скриши отпорот на актуелните шампиони, а победникот го реши во третата четвртина која заврши 33-10.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Кошаркарите кои во отсуство на Стив Кер, од клупата ги предводи Мајк Браун, во првите три четвртини остварија 26 тимски асистенции и имаа само четири загубени топки. Килвленд потфрли во одбраната, а на крајот Леброн Џејмс имаше двојно повеќе загубени топки од целиот тим на Голден Стејт.

Кевин Дурент доминираше во првиот дел, а во третата четвртина доби поддршка и од Стеф Кари, кој во оваа четвртина уфррли четири тројки.

Кевин Дурент мечот го заврши со 38 поени и по осум скокови и асистенции, додека Стеф Кари оствари „дабл-дабл“ од 28 поени и 10 асистенции и шест скокови.

Нејефикасен кај Кливленд беше Леброн Џејмс со 28 поени и 15 скокови, осум асистенции, но и осум загубени топки. Кајри Ирвинг постигна 24 поени, но играше лошо во второто полувреме, додека Кевин Лав забележа 15 поени и 21 скокови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ одби да потпише нов договор со Денвер – јасна е причината за неговиот потег!

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ одби да потпише нов договор со Денвер Нагетс, известуваат а…