Дома Фудбал Англија Видео: Ватфорд е сензација на Островот, Јунајтед конечно победи!

Видео: Ватфорд е сензација на Островот, Јунајтед конечно победи!

Тимот на Ватфорд е најпријатното изненадување од почетокот на сезоната во Премиер лигата и имаат максимален ефект откако денес го победија и Тотенхем. Манчестер Јунајтед победи на гостувањето кај Барнли.

Тотенхем одлично го отвори натпреварот и доминираше во првото полувреме, но не успеа да постигне гол.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Второто полувреме почна лошо за домаќините, откако Докуре во 53-та минута си постигна автогол. Тоа како да го „разбуди“ Ватфорд кој успеа да направи целосен пресврт до крајот. Најпрво Дрини во 69-та минута погоди за 1:1, а десет минути подоцна Каткарт го матира Лорис за 2:1.

Манчестер Јунајтед конечно после два порази успеа да стигне до трите бода, а херој за „црвените ѓаволи“ овој пат беше Ромелу Лукаку. Тимот на Мурињо ја обезбеди победата со двата гола во првото полувреме, а во вторто иако немаше голови видовме многу возбудувања.

Најпрво Погба не успеа да реализира пенал во 69-та минута, а три минути подоцна „црвените ѓаволи“ останаа со играч помалку бидејќи судијата му покажа директен црвен картон на Рашфорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Валверде ги врати славните европски вечери на Реал Мадрид

Со извонреден хет-трик на Федерико Валверде (20’, 27’, 42’), тимот на Реал Мадрид го пораз…