Синоќа се одиграа девет натпревари во НБА лигата, а во центарот на вниманието беше центарот на Њу Орлеанс, Демаркус Казинс имаше неверојатна партија против Чикаго и со трипл-дабал учинок.
Њу Орлеанс Пеликанс победија на домашен терен против Чикаго Булс по две продолженија, а конечниот резултат беше 132:128.Најзаслужен за победата беше центарот на домаќините, Демаркус Казинс. Тој вечерта ја заврши со 44 поени, 24 скока и 10 асистенции, трипл-дабл кој не е виден повеќе од 40 години.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Последен кој на еден натпревар реализирал најмалку 40 поени, 20 скокови и 10 асистенции е легендарниот Карим Абдул Џабар во 1972 година.
Ентони Дејвис исто така имаше одличен натпревар со 34 поени и 9 скока, но неговата статистика не можеше да дојде до израз поради импресивните бројки на неговиот соиграч.
Резултати:
Шарлот – Сакраменто 112:107
Аталанта – Јута 104:90
Хјустон – Мајами 99:90
Мемфис – Филаделфија 105:101
Милвоки – Феникс 109:105
Њу Орлеанс – Чикаго 132:128
Далас – Вашингтон 98:75
Денвер – Портланд 104:101
ЛА Клиперс – Минесота 118:126