Синоќа се одиграа три натпревари во НБА лигата. Торонто и Бостон остварија рутински победи, додека Њу Орлеанс стигна до уште една победа на гости кај Портланд.
Бостон беше сигурен против Милвоки со 120-106, па стигнаа до водство од 2-0 во серијата. Селтикс беа доминантен тим во текот на целиот натпревар иако игра без своите најдобри кошаркари.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Најзаслужен за победата беше Џејлен Браун кај Бостон со 30 поени, додека на спротивната страна Јанис Адетокунбо постигна 30 поени.
Тимот на Њу Орлеанс предводен од Ентони Дејвид стигна до уште една победа на гости кај Портланд, овојпат со резултат 111:102.
Торонто предводен од Демаркус Дерозан славеше и во вториот натпревар во двомечот против Вашингтон, овојпат со 130-119.