Фудбалерите на Барселона се пласираа во финалето на Кралскиот Куп откако одиграа 1:1 на домашен терен со Атлетико во исклучително возбудлив натпревар со три црвени картони и промашен пенал.
Тимот на Симеоне целосно ја разби играта на Барселона, која не функционираше во средниот ред каде Луис Енрике започна со Андре Гомеш, Ракитиќ и Денис Суарез.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак домаќините се одбранија од налетите на гостите и во 43-та минута дојдоа до водство. Меси крај тројца играчи на Атлетико упати удар од 20-тина метри, Моја одбрани, но одбиената топка стигна до Луис Суарез кој ја врати топката во голот.
Клучниот момент на мечот се случи во 58 минута, најпрвин Серхи Роберто го доби вториот жолт картон, а веќе во следниот напад, Гризман постигна гол, кој судиите неоправдано го поништија поради офсајд.
Со играч повеќе Атлетико продолжи да притиска, но во 69 минута втор жолт доби Караско, по што силите на теренот беа израмнети, а во 81 минута Пике го собори Гамеиро и Атлетико доби пенал. Гамеиро ја презеде одговорноста и не успеа да израмни.
Сепак две минути подоцна францускиот репрезентативец успеа да израмни на 1:1. До крајот Атлетико напаѓаѓе но не успеа да постигне гол кој ќе значеше продолженија.