Дома Фудбал ВИДЕО Ал Наср испадна од купот. Роналдо во 96. минута изведе катастрофален пенал

ВИДЕО Ал Наср испадна од купот. Роналдо во 96. минута изведе катастрофален пенал

АЛ Наср, клубот во кој игра Кристијано Роналдо, шокантно е елиминиран во осминафиналето на Купот на Саудиска Арабија.

Ал Тавун го елиминира со победа од 1:0, а единствениот гол на натпреварот го постигна Валид Ал Ахмад во 71. минута.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Трагичар за Ал Наср беше Роналдо, кој во 96. минута имаше шанса да погоди од пенал за продолженија и со тоа да го спаси својот клуб.

Сепак, Португалецот направи катастрофален удар од белата точка и високо шутираше над голот. Промашувањето на Роналдо погледнете го во продолжение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лионел Меси доби ретка чест од Интер Мајами

Лионел Меси ќе стане дел од редок спортски потег, бидејќи Интер Мајами најави дека трибина…