Дома Фудбал Италија Видео: Ако не можат напаѓачите, можат дефанзивците – Шкриниар и Ранокија го срушија Беневенто

Видео: Ако не можат напаѓачите, можат дефанзивците – Шкриниар и Ранокија го срушија Беневенто

Екипата на Интер вечерва успеа да слави на домашен терен против фенерџијат Беневенто.

Интер иако не беше убедлив успеа да дојде до победа против Беневенто кој покажа „заби“ на оваа средба.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Во првиот дел може да се каже дека Беневенто беше сосема достоен противник за „нероаѕурите“, фановите на домаќинот незадоволни од ситуацијата во клубот испраќаа по некој свиреж за своите миленици.

По првите 45 минути немаше погодоци.

Вториот дел започна на сличен начин, така се играше до голот во мрежата на Беневенто. По еден корнер Интер успеа да стигне до предност преку Шкриниар. Овој гол како да им ги сруши надежите на гостите дека можат до изненадување.

Само три минути подоцна партнерот на Шкриниар од одбраната, Ранокија погоди за веќе солидна предност на „нероаѕурите“.  Дополнителен проблем за гостинскиот тим беше исклучувањето на Виола кој на десетина минути пред крајот на средбата го заработи вториот жолт картон.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ерик тен Хаг повторно може да се врати во Амстердам, Ајакс покажува сериозен интерес!

Додека Џон Хајтинга сè уште се подготвува да го напушти Амстердам, веќе започна потрагата …