Дома Фудбал Останато Видал ќе ја тужи Барселона!

Видал ќе ја тужи Барселона!

Чилеанскиот фудбалер Артуро Видал ја тужи екипата на Барселона поради долгови. Како што објавија шпанските медиуми, искусниот фудбалер решил на суд да побара 2,4 милиони евра, кои наводно му припаѓаат според договорот.

Тужбата беше поднесена на петти декември, но од Барселона тврдат дека никаков бонус не требало да добие Видал.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Според неговиот договор со шпанскиот шампион, тој би добил бонус за одредени успеси во 60 одиграни меча. За да се активира бонусот, тој морал да помине барем 45 минути на теренот од секој од натпреварите, но тоа не се случи.

Чилеанецот, од друга страна, тврди дека бонусот го заслужил и поради тоа реши да го тужи клубот, па доколку не му платат, тој ќе замине од Каталонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Изненадување: Халанд ќе го промени името на дресот

Ерлинг Халанд донесе одлука да го измени името што ќе стои на дресот на националниот тим п…