Артуро Видал е еден од клучните играчи во формацијата на Карло Анчелоти, но медиумите често шпекулираат дека на крајот на сезоната ќе го напушти Баерн Минхен.
Наводно Видал не е задоволен од животот во Германија и има богата понуда од Премиер лигата, односно од Челзи каде ќе може повторно да соработува со Антонио Конте.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Сепак, самиот фудбалер денес проговори на оваа тема и категорично ги демантираше шпекулациите.
„Тоа се само шпекулации кои се проширија многу брзо. Притоа, јас поминав три години заедно со Антонио Конте и многу добро се сложувавме“.
„Но, не постои никаква причина да го напуштам Баерн, овој дрес го носам со голем респект и гордост. Јас сум среќен, мојата соруга е среќна и децата ми се среќни во Минхен. И понтаму имам големи цели тука во Баерн“, заклучи Видал.
Видал има договор со Баварците до 2019 година и е еден од клучните фудбалери во тимот.