Дома Фудбал Германија Веќе се знае кој ќе го наследи Анчелоти во Баерн!?

Веќе се знае кој ќе го наследи Анчелоти во Баерн!?

Спортскиот директор на Лајпциг, Ралф Рангник тврди дека го знае името на тренерот кој ќе го наследи Карло Анчелоти на клупата на Баерн Минхен.

Рангник тврди дека тоа ќе биде актуелниот тренер на Хофенхајм, Јулијан Негелсман, човекот кој со само 29 години прави чуда на клупата на бундеслигашот.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


„Млад е, има харизма и е вистински професионалец. Знае се за фудбалот и се надевам дека токму тој ќе биде наследник на Анчелоти во Баерн“, изјави Рангник кој моментално е спортски директор во Лајпциг.

Токму Лајпциг викендов ќе се обиде да му го нанесе првиот овосезонски пораз на Негелсман и на неговиот Хофенхајм.

Негелсман минатата година стана најмладиот тренер во историјата на Бундеслигата. Го превзеде кормилото на Хофенхајм со само 28 години и откако минатата сезона осигура опстанок, оваа сезона прави чуда и сеуште е без пораз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Ерата на Алонсо почна лошо: Арсенал му „украде“ спектакуларно засилување на Реал Мадрид

Чаби Алонсо ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид, а иако неговата ера во клубот уште не е …