Дома Фудбал Англија ВЕЈН РУНИ ВО ЗАТВОР: Големата ѕвезда уапсена поради возење во пијана состојба

ВЕЈН РУНИ ВО ЗАТВОР: Големата ѕвезда уапсена поради возење во пијана состојба

Во моментите кога Евертон го претставуваше Никола Власиќ, најголемата ѕвезда на клубот, Вејн Руни бил во затвор.

Според пишувањата на „Mirror“, поранешниот капитен на англиската репрезентацијата бил уапсен во четвртокот навечер во близина на својот дом во Чешир поради сомнеж за возење под дејство на алкохол. Руни (31) одлучил ноќта да ја помине надвор, а излегвањето очигледно било надвор од контрола.


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


 

Ваков инцидент на Руни не е никаква новост. Во ноември минатата година по победата на Англија против Шкотска, тој во алкохолизирана состојба влезе на свадба во еден хотел, а камерите го фатија како едвај и зборува.

Инаку, сопругата на Руни, Колин пред неколку дена објави дека го чека четвртото дете. Семејството наскоро планира да се пресели во вила во вредност од повеќе од десет милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Меч на денот: Дали Франција ќе и се одмазди на Португалија?

Денес продолжуваат четвртфиналните дуели на Европското првенство, а во фокусот ќе биде дуе…