Искусниот фудбалер се насочува кон неговиот сопствен бизнис.
Пред најважниот дел од сезоната за европските гиганти кога започнува нокаут фазата од Лигата на шампионите Пари Сен Жермен остана без еден ветеран. ПСЖ во француското првенство нема конкуренција и многу веројатно одново ќе бидат шампиони, на Франција. Меѓутоа во овој клуб сакаат успех во ЛШ и доколку го нема сезоната ќе се смета за неуспешна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во продолжение од оваа сезона „светците“ ќе мораат да продолжат без искусниот Ласана Диара кој повеќе не е член на клубот откако спогодбено го раскина договорот со клубот од француската престолнина.
Французинот во Париз пристигна минатата зима како алтернатива за стандардните Марко Верати и Адриен Рабио, па настапи само на 19 натпревари.
Причината поради која го Диара го напушта ПСЖ е навистина интересна.
Имено тој не само што го напушта фудбалот туку заминува и од професионалниот фудбал со цел да се фокусира на својот бизнис.
Диара сака во иднина да стане добар бизнисмен во производството на енергетски пијалак.
Во својата богата кариера Диара која има 33 години го носеше дресот на: Ле Хавре, Челзи, Арсенал, Портсмунт, Реал Мадрид, Анжи Махачкала, Локомотив Москва, Марсеј, Ал Џезеира и Пари Сен Жермен.
Во репрезентативната кариера настапи на 18 натпревари за селекцијата до 21 година, а на 34 пати за сениорската селекција на „Галските петли“.