Речиси целиот трансфер период се зборуваше за заминувањето на Чичарито од Вест Хем.
Тој денеска ја исполни својата желба, го напушти Вест Хем и се пресели во екипата на Севиља. Севиља бараше искусен напаѓач, а го пронајде во овој одличен Мексиканец кој потпиша тригодишен договор со клубот.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Вест Хем од овој трансфер ќе заработи околу осум милиони евра, а постои можност да заработаат и уште милион евра поради одредени бонуси кои се вклучени во договорот. Тој во Вест Хем одигра 63 натпревари во кои постигна 17 гола и би требало да претставува големо засилување за Севиља.
Ова не е прв пат за него да настапува во Шпанија, бидејќи претходно настапуваше во дресот на Реал Мадрид.