Дома Фудбал Англија Вернер: Не знам зошто навивачите воопшто ме поддржуваат

Вернер: Не знам зошто навивачите воопшто ме поддржуваат

Напаѓачот на Челзи, Тимо Вернер е свесен за својата слаба голтерска форма во овој момент и вети дека ќе даде 100% од своите можности за да се поправи.

Германецот во Челзи стигна пред две лета како големо засилување од Лајпциг, но впечаток е дека од него повеќе се очекуваше. Ја освои Лигата на шампионите во својата прва сезона, но во актуелната сезона, посебно во Премиер лигата не блеска и тоа предизвика бројни критики, но Вернер има и поддршка од навивачите.

„Понекогаш се прашувам зошто воопшто ме поддржуваат толку. Напаѓач сум и сакам да постигнувам голови, но јас промашувам шанси. Двам се од себе на секој натпревар за екипата да оставарува добри резултати“, изјави Вернер.

Сезонава Вернер во Премиер лигата постигна само еден гол, а вкупно во сите натпреварувања има шест.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Во Париз потфрлила и полицијата: Полицаец прска со солзавец навивачи кои имаат билети 🎥

Потфрлија Французите во организацијата на финалето во Лигата на шампионите и тоа е јасно. …