Дома Трансфер зона Вернер е среќен што го поврзуваат со Ливерпул

Вернер е среќен што го поврзуваат со Ливерпул

Напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер е среќен што медиумите го поврзуваат со трансфер во редовите на европскиот шампион.

23-годишниот Германец блеска во Бундес лигата и нема ништо против да се пресели на „Енфилд“, а според него Ливерпул е „најдобриот тим на светот“.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Вернер синоќа му донесе победа на Лајпциг со својот гол над Тотенхем, а веднаш после мечот даде до знаење дека би сакал да игра во Премиер лигата.

„Во моментов Ливерпул е најдобриот тим на светот и горд сум со тоа што ме поврзуваат со таков клуб. Во исто време јасно ми е дека таму играат фантастични фудбалери и ќе треба да се подобрам во многу аспекти за да стигнам до тоа ниво“, изјави Вернер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…