Дома Топ вести Верати сака да си замине од ПСЖ

Верати сака да си замине од ПСЖ

Марко Верати размислува да го напушти францускиот шампион ПСЖ на крајот на сезоната, бидејќи е незадоволен од ситуацијата во клубот, пренесуваат италијанските медиуми.

Тензиите во ПСЖ се зголемија откако парижаните испаднаа од Лигата на шампионите, а многу играчи беа жестоки критикувани. Меѓу нив е и 30-годишниот Верати, кој сака да ја промени средината.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


На италијанскиот фудбалер му пречат критиките, бидејќи смета дека на секој натпревар го дава максимумот. Тој размислува да го напушти клубот на крајот на сезоната, но ПСЖ нема намера да го продаде италијанскиот играч за врска.

 Јувентус внимателно го чека развојот на ситуацијата и е подготвен да ја искористи шансата да го доведе во своите редови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…