Дома Фудбал Останато Венгер ја одбил Барселона!

Венгер ја одбил Барселона!

Познатиот француски стратег Арсен Венгер (70) наводно одбил понуда од Барселона.

Француските медиуми објавија дека 70 годишниот стратег бил контактиран од раководството на каталонскиот гигант, но тој ја одбил нивната понуда.

Тренерската икона е без работа од 2018 година кога после две децении го напушти Арсенал. Венгер призна дека имал бројни понуди, но не сакал да прифати ниту една па во меѓувреме работеше на проекти на УЕФА и како стручен коментатор на некои телевизии.

Дури ниту Барселона не успеала да го ангажира. Тие му понудиле место да го наследи Кике Сетиен пред да продолжи сезоната во Лигата на шампионите, меѓутоа не добиле позитивен одговор.

Барселона така ќе мора да побара друго решение ако има намера навистина да го отпушти Сетиен. Како негови можни наследници се споменуваат Чави, Покетино Марсело Гаљардо и Гарсија Пимента.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид после натпреварот против Бетис доби нов грб 📷

На синоќешниот натпревар помеѓу Бетис и Реал Мадрид имаше многу контроверзни одлуки на суд…