Дома Фудбал Германија Венгер: Течно говорам германски!

Венгер: Течно говорам германски!

0

Арсен Венгер е без тренерски ангажман уште од кога го напушти Арсенал, а сега е спремен да се врати.

Како што пренесува германски „Кикер“, преговорите помеѓу Венгер и Баерн се во завршна фаза и тој многу веројатно ќе биде нов тренер на германскиот гигант.

Ниту тој самиот не би имал нешто против тоа да се врати во тренерските води и да искуси работа во Бундеслигата.

„Никогаш не би одбил да разговарам со Баерн, бидејќи ги познавам луѓето кои го предводат тој клуб веќе 30 години. Одамна, многу одамна бев блиску за да го превземам тој клуб“, изјави Венгер кој лесно би се прилагодил на новата средина.

„Течно го зборувам германскиот. Се уште немам одлучено дали повторно ќе почнам да работам како тренер. Задоволен сум и со моменталниот живот, но вистина е дека тренирањето ми недостасува, така да самата одлука која треба да ја направам за мене е предизвик“, истакна Французинот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Елмас пред Австрија доби лоши вести: Наполи ќе го казни!

Непосредно пред вечерашниот натпревар против Австрија Наполи соопшти дека Елиф Елмас ќе би…