Дома Фудбал Англија Венгер со коментар за Артета: Му недостасува искуство

Венгер со коментар за Артета: Му недостасува искуство

Микел Артета ќе биде новиот менаџер на Арсенал, тврдат медиумите на Островот.

Овој 37-годишен стручњак ги договорил сите услови околу превземањето на лондонскиот тим и самостојна менаџерска кариера ќе ја почне на клупата на тимот за кого некогаш играше.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Со коментар денес излезе и легендарниот тренер на „топџиите“, Арсен Венгер кој тврди дека недостатокот на искуство може да биде проблем за Артета.

„Микел Артета има неверојатна иднина пред себе си. Тој научи многу како помошник, но во Арсенал ќе се соочи со недостаток на искуство на тоа ниво. Мојот совет е да оформи одличен тренерски тим околу себе“, изјави Венгер.

„Арсенал поминува низ тежок период во моментов. Го знам тоа и јас патам исто како и сите фанови на клубот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…