Дома Фудбал Англија Венгер потврди – Ова е веста на денот за „топџиите“

Венгер потврди – Ова е веста на денот за „топџиите“

Ова утро во Англија носи фантастични вести за сите фанови на Арсенал.

Најголемата ѕвезда на Арсенал, Алексис Санчез се враќа во тимот и ќе биде во составот за големото дерби против Ливерпул кое се игра во недела.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Менаџерот Арсен Венгер, денес потврди дека Чиленаецот ќе биде во составот, а ова би можело и да значи останување на Алексис Санчез на „Емирати“.

„Санчез ужива во играњето фудбал и повеќе ништо не може да го спречи. Тој е посветен и среќен. Тоа што влегува во последната година од договорот не значи дека немаме шанса да потпишеме нов. Се сложувам дека во овој момент не сме во таква позиција, но тоа може да се промени“, изјави Венгер.

Санчез имаше проблеми со ситни повреди, а исто така доби и подолга пауза поради учеството на Купот на конфедерациите.

Се шпекулираше дека Санчез е надвор од тимот поради тоа што сака на тој начин да го забрза неговиот трансфер, но сега се враќа во вистински момент. Иначе, Чилеанецот најмногу се поврзуваше со трансфер во ПСЖ и Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…