Дома Фудбал Англија Венгер не се предава: Ќе останам колку што е можно подолго

Венгер не се предава: Ќе останам колку што е можно подолго

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, нема намера во блиска иднина да го напушти фудбалот.

Долгогодишниот менаџер на англискиот клуб во мај го продолжи договорот со „топџиите“, а по истекот на истиот ќе има 70 години, но тој и понатаму сака да остане дел од проектот кој некогаш го започнал.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Можеби тоа е еден ден ќе се случи и ќе заминам од Арсенал, но секој ден во животот сакам да бидам дел од ова. Еден ден нема да бидам во физичка можност да го правам ова. Секако дека тоа ќе биде искушение, сакам секогаш да бидам дел од фудбалот, без разлика дали тоа ќе биде како директор, менаџер…Ќе останам колку што можам подолго, сигурен сум во тоа“, изјави Венгер.

Венгер Арсенал го превзема во 1996 година и до сега со овој клуб освои три титули во Премиер лигата, а последната во далечната 2004 година, потоа освои седум трофеи во ФА Купот и седум во Комјунити Шилд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мбапе се спореди со Ди Стефано и Роналдо: Ако можеа тие, можам и јас

ФРАНЦУСКИОТ напаѓач Килијан Мбапе се осврна на негативните коментари со кои се соочува отк…