Тренерот на Арсенал, Арсен Венгер, го избрал напаѓачот кого има намера да го донесе на „Емирати“.
Како и што е често пати случај изборот падна на фудбалер кој не би било многу тешко да го доведат и кој нема да биде многу скап.
Луд викенд: "Ел Класико" во Шпанија и супер дербија во Англија и Италија! ↓↓↓
Се работи за Французинот, Мбаје Нианг кој е член на Милан, а минатата полусезона ја помина во екипата на Вотфорд. Таму баш и не се прослави, одигра 16 натпревари и постигна само два погодоци. Во првиот дел од сезоната, додека настапуваше за Милан, одигра 18 натпревари и постигна три погодоци, а запиша исто толку асистeнции. Значи, 34 натпревари, 5 погодоци бројки кои во никој случај не се добри за еден напаѓач.
Сепак, да потсетиме, Нианг има само 22 години и сеуште има простор за напредок, неговата вредност на пазарот изнесува околу 15 милиони евра.