Дома Фудбал Останато Венгер зборуваше за газдата на Челзи и откри каква клазула секогаш имал во својот договор

Венгер зборуваше за газдата на Челзи и откри каква клазула секогаш имал во својот договор

Веќе со денови наназад една од главните теми во Англија е влегувањето на сопственикот на Челзи во соблекувалната и неговиот настап.

Боели почекал Лампард да заврши со обраќањето, а потоа сосема јасно ставил до знаење дека сопствениците не се задоволни од резултатите во однос на потрошените пари кои ги вложија во тимот. Наводно и нивната игра ја нарекол „срамна“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тоа беше тема и за Арсен Венгер кој во ТВ студио го анализираше натпреварот помеѓу Челзи и Реал Мадрид. Венгер откри дека во сите договори и години кои ги поминал како тренер имал една посебна клазула во договорот.

„Таков однос јас никогаш не би толерирал. Секогаш во својот договор имав клазула и така ги советувам сите млади тренери. Се што сметате дека ви е важно да се почитува во клубот ставете го и во договорот, нека биде јасно за сите“.

„Во мојот договор секогаш стоеше клазула дека никој не може да га купи играч без ваша согласост, никој не може да се меша во тимот и дека исклучиво јас сум одговорен за водење на екипата. Така можете да заземете став и сите ќе ве гледаат поинаку, ќе бидете во подобра позиција кога вас некој тим ќе ве сака“, изјави Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…