Венгер како по обичај засилувањата за следната сезона ќе ги бара во својата татковија, а на мета се двајцата одлични млади фудбалери – Александер Лаказет и Тому Лемар.
Играчот за врска на Монако и напаѓачот на Лион се двете најголеми трансфер желби на Венгер, па доколку ги донесе ќе заврши голем дел од работата во овој трансфер период.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Англиските медиуми пренесуваат дека „топџиите“ се спремни за тандемот од Франција да потрошат неверојатни 96 милиони евра.
Имено, Венгер е спремен да понуди 55 милиони евра за Лаказет, со што напаѓачот ќе стане најскапото засилување во историјата на Арсенал.
Што се однесува до Лемар, во следните денови „топџиите“ ќе испратат понуда тешка 41 милион евра.
Доколку успее да ги донесе овие двајца фудбалер Венгер ќе добие големи засилувања за средниот ред и нападот.