Откако воодушеви на проба во лондонскиот клуб, менаџерот на Арсенал одлучи да му понуди договор на 18-годишниот Чилеанец, Марсело Аљенде, кој од лето и официјално ќе стане „топџија“.
Младиот напаѓач, кого поради стилот на игра во татковината го споредуваат со Алексис Санчез, е на радарот на многу европски гиганти.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Аљенде веќе неколку пати беше во Лондон на проба кај „топџиите“, па Арсен Венгер можеше лично да се увери во неговите квалитети.
Тоа што му понуди професионален договор веднаш откако наполни 18 години доволно говори каков впечаток оставил младиот Чилеанец кај искусниот стратег, кој е познат по тоа дека има „нос“ за таленти.
Притоа, покрај истиот стил со Санчез, Аљенде потекнува и од истата фудбалска школа како првата ѕвезда на Арсенал.
Дали доаѓањето на „новиот Санчез“ значи и дефинитивно заминување на „вистинскиот“ Санчез останува да видиме на крајот на сезоната.
Arsenal have offered a permanent deal to Chilean youngster Marcelo Allende following a successful trial in North London. [@johncrossmirror] pic.twitter.com/C95VEoKwwR
— afcstuff (@afcstuff) April 10, 2017