Францускиот фудбалер, Оливие Жиру поради малата минутажа во Арсенал би можел да го пропушти Мундијалот во Русија.
Откако летово на „Емирати“ пристигна Александар Лаказет, овој 31-годишен напаѓач стана втор избор во нападот на Арсенал и поради малата минутажа, загрозено му е местото во репрезентацијата на Франција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоа го потврди и асистентот во националниот тим на Триколорите, Гај Стефан.
„Жиру не игра доволно и за тоа Дешамп веќе разговараше со него. Ќе мора да пронајде решение во следните недели. Негвоиот процент на голови според бројот на минутите, односно спрема бројот на натпреварите е одличен, но без минути нема да може да биде во добра форма кога ќе и биде потребен на репрезентацијата“, истакна Стефан.
Жиру оваа сезона одигра 12 натпревари за Арсенал од кои ниту една не ја стартуваше од првата минута, а своето контро има три погодоци.