Дома Македонски спорт Мак фудбал Велковски: Можевме и второ и четврто, сите мисли сега се насочени кон Косово

Велковски: Можевме и второ и четврто, сите мисли сега се насочени кон Косово

Maкедонија вчера го победи Израел и така го освои третото место во квалификациите што е најдобар пласман на нашата репрезентација во едни квалификации.

После натпреварот задоволство истакна Дарко Велковски кој и го најави натпреварот со Косово и Лигата на Нации преку која имаме прилика да се пласираме на едно Европско првенство.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Третото место можеби е реално, можевме да бидеме и четврти, за нијанса и второ, Австрија сепак беше подобра. Задоволни сме затоа што ова е прв циклус во кој оваа генерација е заедно од почеток до крај“.

„Мислите сега се насочени кон Косово. Имавме ние свој моменти, имаа и тие. Ние покажавме во овие квалификации дека можеме. Освен натпреварот со Австрија тука во Скопје кога бевме надиграни, на останатите натпревари бевме блиску и со игра и со резултат. Ние како и публиката веруваме во позитивен исход“, изјави Велковски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Кој е еден од најголемите „симулатори“ во македонскиот фудбал? Ако влегува во шеснаесетникот – влегувај со него!

Дејан Јакимовски беше гостин во „Уште еден подкаст“ каде што најмногу зборуваше за ВАР сис…