Селекторот на Грузија, Владимир Вајс, поднесе оставка на функцијата, по поразот од Македонија, во финалето од плеј-офот за пласман на Европското првенство.
Вајс призна дека нашите репрезентативци одиграле одлично и заслужиле пласман на ЕП, по што им посака и многу среќа и успех.
Македонија, во Тбилиси, победи со голот на Горан Пандев и прв пат во својата историја ќе игра на едно големо натпреварување.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Мојата работа заврши. Истече времето. Им благодарам на грузиските навивачи, играчи, новинари. Ова беше тешко време, но сепак беа ова пет добри години во мојот живот. Жалам што не успеавме“, изјави Вајс.