Дома Фудбал Англија ВАР повторно на удар: Огбона го фати Агуеро за „машкоста“, а судијата само одмавна со раката

ВАР повторно на удар: Огбона го фати Агуеро за „машкоста“, а судијата само одмавна со раката

Фудбалерите на Манчестер Сити после првото полувреме водат на свој терен против Вест Хем со 1:0.

Сити подобро го отвори вечерашниот натпревар и создаде неколку одлични шанси, и навистина е чудно како Вест Хем успеа да прими само еден погодок.

Домашната екипа до водство дојде во 30. минута кога Де Брујне центрираше од корнер, а со глава погоди Родри.

Но, деталот кој го одбележа првото полувреме се случи на средината од првиот дел, а во центарот на вниманието беа Агуеро и Огбона.

Дефанзивецот на ВЕст Хем на интересен начин го запре Аргентинецот кога го фати за „машкоста“, но судијата не реагираше и одби да гледа ВАР иако Агуеро беше бесен и се обидуваше да му објасни што се случило. Многумина веруваат дека ова беше чист пенал за домашниот тим.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дибала за битката со коронавирусот: Едвај дишев и имав болки во мускулите

Ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала беше еден од играчите од Серија А кои беа позитивни на …